МВР: Вработената во општина Прилеп по објавата на социјалните мрежи е повикана на разговор

Министерството за внтрешни работи информира дека веднаш по објави на социјалните мрежи за наводни случаи на поткуп за вработување во Прилеп, како и во врска со денешната прес-конференција на Ирена Стерјовска Локвенец од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, веднаш биле преземни мерки и се испитуваат објавите на социјалните мрежи.

„Ја информираме јавноста дека веднаш по направените објави на социјалните мрежи, преземени се соодветни мерки за проверка на изнесеното. Две лица, меѓу кои и вработената во општина Прилеп, се повикани во полициската станица во Прилеп, но и двете лица не посочија никакво дело туку изјавија дека слушале само непотврдени гласини односно не знаат за ниту едно лице на кое му било нудено или барано поткуп.

МВР ги повикува граѓаните доколку имаат било какви информации односно докази во врска со вакви или други кривични дела, веднаш да пријават во најблиската полициска станица и по таквите пријави ќе биде веднаш постапено односно ќе бидат санкционирани инволвираните“, се наведува во соопштението на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави