САД немаат изработено временска рамка за повлекување на своите војници од Сирија, но не ни планираат да останат во оваа земја неограничено, изјави денеска висок претставник на американскиот Стејт департмент.
– Немаме временска рамка за повлекување на нашите воени сили од Сирија, изјави претставникот на Стејт департментот во пресрет на турнејата на американскиот државен секретар Мајк Помпео низ Блискиот Исток, предвидена за идната недела.
Тој нагласи и дека САД немаат намера да воспостават „неограничено воено присуство во Сирија”.
– Претседателот донесе одлука да се повлечеме и токму сега ги формулираме плановите за тоа, додаде неименуваниот претставник на Стејт департмент.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец донесе одлука за повлекување на сите американски војници во Сирија и за делумно повлекување на силите на САД од Авганистан.