Британската осигурителна компанија GoCompare објави интересно истражување поврзано со сообраќајни незгоди и прекршоци. Резултатот? Скапите германски автомобили убедливо ги завземаат водечките позиции кога станува збор за предизвикување несреќи или сообраќајни прекршоци. Најлоши се покажале возачите на BMW серија 4 и тоа во дизел 420 d издание, пренесува Cornwall live..
Според истражувањето, токму возачите на овој модел наверојатно дека ќе бидат осудени за прекршок, односно постои голма шанса дека ќе предизвикаат сообраќајка. Бројките го велат следново- дури 17,1 отсто од возачите на BMW 420 d се казнети за сообраќаен прекршок, додека истиот модел го држи првото место кога станува збор за сообраќајни незгоди, осигурувањето морало да интервенира и да ја плати штетата причинета на другата страна во дури 21,3 отсто од случаите.
Во однос на сообраќајните прекршоци следи Audi A5 (15,5 отсто) и Mercedes C220 (14,8 отсто). Четвртото место му припаѓа на Mercedes E220, кого следат Jaguar XF (14,3 проценти) и Mercedes CLA (14,3 проценти). Во неславниот „топ 10″ влегуваат и Mercedes GLC, Audi Q7, Range Rover и Mercedes CLS.
Од друга страна, моделите чии возачи прават најмалку сообраќајни прекршоци се на прво место Vauxhall (Opel) Agila (само 4,1 отсто од возачите на овој модел се фатени во сообраќаен прекршок),па следат Hyundai i10, Nissan Micra, Kia Picanto, Hyundai Getz, Suzuki Alto. Ford KA, Skoda Citigo, Honda Jazz i Fiat Panda.
Кога станува збор за штетите што осигурувањето требало да ги исплати, во „топ 10″ повторно на прво место е BMW 420 d со дури 21,3 отсто, по што следат Mercedes E220 (19,3 отсто), Mercedes GLC (19,3 отсто), Audi A5 (19,1 отсто), Audi Q5 (18,7 отсто), Mercedes C220 (18,6 отсто), Mercedes GLA (18,3 отсто), Jaguar XF (18,2 отсто), Audi A1 (18,2 отсто), додека на последното место е изненадувачки Skoda Superb (18,1 проценти).
Најмалку проблеми со осигурителните компании имаат сопственици на Peugeot 206 (само 8,6 проценти), па сопствениците на Hyundai Getz (9 отсто), Citroen C2, Nissan Primera, Fiat Punto, Peugeot 307, Forda Ka, Citroen Xsarа, Nissan Micrа и Vauxhall Agile, која, според овие два показатели всушност е најуспешна.
-И додека веројатно не е изненадување дека моќните луксузни модели ги држат први места, треба да се земе во обзир дека многу од овие модели, односно нивните сопственици секојдневно се возат на работните места, како на автопат така и во преполните градови па затоа е поголема веројатноста да добијат казна, но исто така и да предизвикаат сообраќајна несреќа, изјави Мет Оливер, портпарол на осигурителната компанија GoCompare.
Кога ќе се погледне листата на спротивните модели јасно е дека станува збор за мали градски автомобили кои веројатно поминуваат далеку помалце километри од „неславните рекордери”, па затоа се наоѓаат на другата страна од табелата…