Во последен момент доби ново срце, лекарите мислеа дека се плаши од испити

Во последен момент доби ново срце, лекарите мислеа дека се плаши од испити

Студентката Шарлот Карни (22) од англискиот град Нортвич во еден период од животот била постојан гостин на приемот на локалната служба за итни случаи. А кога на лекарите пред пет години почна да им се жали дека е хронично уморна, дека спие 20 часа на ден и дека тешко доаѓа до воздух, тие ја пуштаа дома објаснувајќи и дека е „под стрес поради нејзините факултетски обврски“.

Бидејќи не ѝ беше подобро ниту за време на празниците, тие одлучија да ја испитаат нејзината состојба малку подобро.

Дури минатата година, по четири години живеење со тешки симптоми, дијагнозата „стрес поради испити“ по низа испитувања прерасна во смртоносна и ретка срцева болест, рестриктивна кардиомиопатија – состојба во која срцето не добива доволно крв, што кај пациентот се манифестира со хроничен замор и проблеми со дишењето.

Набргу потоа, пролетта 2017 година, ѝ пресадија срце. Без оваа операција таа имаше само 20 отсто шанси да преживее.

Сега Шарлот закрепнува од тешката трансплантација поради која помина шест дена во кома, а наскоро планира и да дипломира.

Она што и е најважно, како што кажа таа за „Дејли мејл“, е кај повеќе луѓе да се шири свеста за важноста на одлуката да бидат донатори на органи, што еден ден, исто како и на неа самата, некому може да спаси живот.

Треба да знаете
Последни објави