На сликата снимена завчера во супермаркет Теско на периферија на Будимпешта се гледа како Груевски вади пари од банкомат.
Гледачот кој ја снимил фотографијата тврди дека имал капче и шал преку лицето, а веднаш откако извадил пари со телефон се јавил и по него дошол џип со затемнети стакла. Груевски во Унгарија има статус на бегалец, а таму се наоѓа од 11-ти ноември каде избега наместо да замине на отслужување на затворската казна.