Повеќе Британци сакаат да останат во Европската унија, отколку да ја напуштат, покажа анкета што ја спроведе агенцијата за истражување на јавното мислење „ЈуГов”.
Анкетата исто така покажува дека Британците би сакале сами да донесат конечна одлука за статусот на Велика Британија во Европската унија.
Ако референдумот се одржи денеска, 46 отсто од британското население би се изјаснило за останување во ЕУ, додека 39 отсто би гласале за конечен „развод” од европскиот блок.
Останатите луѓе кои ги испитувала агенцијата изјавиле дека или не би гласале или дека немаат став.
Светските агенции наведуваат дека кога ќе се земат предвид и апстинентите и оние кои не сакале да одговорат на анкетата, 54 отсто од Британците на референдумот би се изјасниле за остамување во ЕУ.
Резултатите од оваа анкета, во која учествувале 25.000 Британци, се совпаѓаат со други анкети кои биле спроведени во претходните неколку месеци.