(Видео и фото галерија) Народен собир за Бадник

Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ денеска се одржа традиционалниот народен собир по повод големиот христијански празник Бадник. Православните верници се собраа за бадниковата служба, со чашка топла ракија, земаа осветени бадникови гранчиња, заиграа оро и запалија свеќа за среќа, здравје и љубов.

Стариот кум Влатко Огненовски и градоначаникот Петре Шилегов симболично му го предадоа бадникарскиот ќуп на новиот кум, Љупчо Николовски, бизнисмен, сопственик на фирмата „Белина“, додека здравичар е Миливое Алексиевски, резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, кој ја благослови погачата што беше поделена меѓу насобраните им ги честиташе Бадник и Божик на сите верници и порача луѓето да бидат сплотени и да шират повеќе љубов. Традиционалното одбележување на Бадник пред Соборниот храм годинава се одржа по 27-ми пат.

По завршувањето на средбата делегација на Одборот за прослава заминаа за Злокуќани во домот за стари лица, каде на лицата кои престојуваат во него им доделија пригодни подароци за Бадник. Народниот собир е во организација на Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“.

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави