Во текот на денешниот ден, до 13:00 часот вакцинирани се 11 деца со МРП вакцина, односно досега, вакцинирани се вкупно 1,069 деца, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека до овој момент, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).
„Потсетуваме дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје“, стои во соопштението на ресорното министерство.
Вакцинални пунктови каде децата може да ја примат МРП вакцината има во поликлиниките „Букурешт“, „Бит-пазар“ и „Јане Сандански“.