Ахмети: Празниците како Божиќ нѐ потсетуваат да размислиме дали сме на правиот пат

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во свое лично име и од името на политичката партија испрати честитка по повод христијанскиот празник Божиќ, со желби за спокој, мир, здравје и благосостојба во домовите на оние кои го празнуваат.

„Славењето и одбележувањето на раѓањето на надежта и на вербата треба да нѐ поттикне на уште поголема посветеност кон реализација на таа надеж за подобар, посигурен, побезбеден и поперспективен живот за сите нас, заедно. Посакувајќи Ви ги сите благодети за Вас и вашите семејства, уверен сум дека нашето заедништво го градиме преку истите стремежи за подобар живот, за соживот, за општество без предрасуди, напредок, мир и интеграција. Празниците како Божиќ нѐ потсетуваат да подзастанеме и да размислиме дали сме на правиот пат, а денес јас сум уверен дека сме во правец на нашата заедничка подобра иднина. Честит празник, за многу години“, вели Ахмети во честитката.

Треба да знаете
Последни објави