Прилепчанц загина во вчерашната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Битола-Ресен, информираше МВР.
-На 06.01.2019 година во 16 часот било пријавено дека кај место викано „Чешми“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „сеат кордоба“ со прилепски регистерски таблици, што го управувал Љ.П.(64) од Прилеп и автомобил „фолксваген пасат“ управуван од Д.К.(38) од село Дрмени-ресенско, велат од МВР:
На местото на несреќата починал Љ.П., а тешкосе повредени Д.К., како и сопатниците од „пасатот“, Л.К.(39) и две деца на возраст од 14 и 11 години, сите од Дрмени. Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола.