Верниците во Москва, Витлеем, Ерусалим, Каиро…го прославуваат Божик

Стотици луѓе го одбележаа Божик во Витлеем во Црквата на Христовото раѓање, која е изградена на местото кое традиционално се препознава како место на раѓање на Исус Христос.

Таму грчкиот патријарх Теофилос Трети одржа литургија, додека неколку десетици демонстранти извикуваа „предавници“ во знак на протест поради тоа што Грчката православна црква го продала имотот во источен Ерусалим кој е главно населен со Палестинци на групи кои градаат еврејски населби.

Во Каиро, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ја отвори новата катедрала на Коптската православна црква и една од најголемите цркви во регионот.Тоа доаѓа во време кога исламските милитанти сѐ повеќе се насочуваат против христијанските верници во земјата со смртоносни терористички напади.

Во Санкт Петербург рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на церемониите по повод Божиќ.

Треба да знаете
Последни објави