Турски камионџии фатени со фалсификувани зелени карти

Двајца турски камионџии биле приведени на Граничниот премин Богородица бидејќи имале фалсификувани зелени кари, информираше МВР.

На 06.01.2019 година во 09,30 часот на Граничниот премин „Богородица”, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување исправа” (зелена карта) приведен бил О.Х.(58) од Турција, кој управувал товарно моторно возило „Ивеко” со турски национални ознаки со полуприколка „Макинсан”. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

На 06.01.2019 година во 18 часот на Граничниот премин „Богородица”, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” (зелена карта) приведен бил Ц.М.(43) од Турција кој управувал товарно моторно возило “Ивеко” со турски национални ознаки со полуприколка „Тирсан”. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави