Служба во православна црква во Холандија откажана поради закани

Одбележувањето на Божик во православна црква во холандскиот град Најмеген е откажано од претпазливост поради закани за кои предупредиле од тамошната полиција.

Овие информации за агенцијата „Танјуг“ ги пренеле претставници на црковниот одбор на српската парохија Свети Сава.

„Вечерната служба за Бадник и денешната Божикна литургија во црквата во градот Најмеген беа откажани поради закана за која не предупредија од холандската полиција. Целата улица беше блокирана, истрагата е во тек, имаме некакви неофицијални информации, но не можеме да кажеме ништо“, изјавил за српската новинска агенција заменик-претседателот на црковниот одбор, Горан Живановиќ.

Според неговите зборови, богослужбата поради претпазливост се одржила во манастир оддалечен 15 километри.

Свештеникот Душан Ередљан рекол дека, како што дознале, заканата била насочена кон православието, односно кон црквата каде што литургија, покрај Срби, служат и Руси и Грци.

Треба да знаете
Последни објави