Локалните власти на остров на кој се наоѓа светилник во близина на Сан Франциско распишаа оглас во кој бараат двајца светилничари.
Годишната плата за оваа работа изнесува 130.000 долари, пишува „Гардијан“.
Објектот е туристичко-угостителски, па светилничарите треба да знаат добро да готват, да чистат, да им пружаат добра услуга на гостите, но и да ја организираат доставата на намирниците.
Мораат истотака за умеат да користат брод што налага капетанска дозвола од крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави.
„Работата е примамлива, но има многу работа. Распоредот е напорен. Често трае од рано наутро до доцна во ноќта. Во описот на работното место е и превезување на гостите од и до островот, потоа подготовка на појадок и вечера, но и чистење“, изјави Џилијан Микер, светилничарка која ја напушта работата, но и која ќе помата во интервјуирањето за идните светилничари.