Оскаровецот Кевин Спејси (59) се појави денеска на судот во Нантакет, мал остров во Масачусец поради обвинение за сексуален напад врз 18 годишник во бар во 2016 година. Спејси е обвинет за непристојно однесување, односно дека го милувал тинејџерот, без негова дозвола го допирал со раце по телото.
Ако биде осуден за непристоен напад или незаконски физички допир,што исто така е кривично дело може да биде осуден на максимум пет години затвор, а исто така ќе биде регистриран како сексуален престапник.
Адвокатите на Спејси веруваат дека нивниот клиент ќе биде ослободен од обвинение, а Судот го одобри нивното барање да зачуваат податоците од мобилниот телефон на наводна жртва шест месеци по датумот на наводниот напад. Според адвокатот Алан Џексон, во мобилниот има податоци кои ќе доведат до „веројатно ослободувачка пресуда”.
Островот Нантакет е прибежиште за одмор на познатите и богатиличности поради изолираноста и анонимноста која ја нуди.
Обвинувањата за сексуални напади против Спејси започнаа во октомври 2017 година кога актерот Ентони Рап изјави дека оскаровецот сексуално го злоставувал и ја искористил надмоќта кога имал 14, а Спејси 26 години.