Една руска болница стаа цел на критики откако вознемирувачко видео беше објавено на интернет.
Мајка чие дете се лекува во болница во Назран, Ингушетија, снимила како болничкиот персонал третирал бебе старо 12 недели.
-Бебето е во ладна соба без греење. Неговата мајка не е тука. Цуцлата му е прикачена на бебето со леплива лента и покрај фактот дека момчето има проблеми со белите дробови- напишала загрижена жената на снимката објавена на интернет.
Од болницата негираа дека лекари или друг перонал ја залепиле цуцлата на бебето.
Полицијата започна истрага за да утврди кој го злоупотребил бебето и да дознае зошто злосторството не било веднаш пријавенов.вВо меѓувреме, некои руски медиуми објавија дека неименуваната мајка на бебето призна дека таа ја залепила цуцлата, но тоа не го потврдила полицијата.