Најмалку две лица загинаа, а десетици беа повредени во железничката несреќа во Јужноафриканската Република.
Два воза се судрија денеска во главниот град Преторија, објавија локалните медиуми.
Според податоците на службата за итна помош, меѓу 100 и 150 лица беа повредени.
Два смртни случаи беа потврдени и разни служби за спасување беа на местото на несреќата”, рече претставникот на итната служба, Чарлс Мабасо.
Минатиот јануари во јужноафриканската провинција Гаутенг во судир на два воза имаше 200 повредени.