Поглаварот на руската православна црква, патријарх Кирил изјави дека капацитетот на уредите за собирање на податоци, како што се паметните телефони, ризикува приближување на човештвото кон доаѓањето на антихрист.
Во интервју за државната телевизија, патријархот Кирил рече дека црквата не се противи на технолошкиот развој, но е загрижена дека со тоа некој можеби знае каде се наоѓате, што ве интересира и од што се плашите, а тие информации би можеле да бидат искористени за централизирана контрола во светот, пренесе „АП“.
„Контролата од една точка го навестува доаѓањето на антихрист, ако говориме од христијанско гледиште. Антихрист е лице кое ќе биде на чело на светската мрежа која ја контролира човековата раса“, рече тој.