Претседателот на САД, Доналд Трамп објави на „Твитер“ дека вечерва ќе се обрати до Американците по повод хуманитарната криза и кризата за националната безбедност, на јужната граница кон Мексико, а потоа во четврток и ќе отпатува таму.
„Задоволство ми е да ве информирам дека ќе се обратам до нацијата по повод новата хуманитарна криза и кризата за националната безбедност на нашата јужна граница. Вторник навечер во 9 часот, по источно време“, напиша Трамп на социјалната мрежа.
Претходно, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс го најави патувањето на Трамп на јужната граница.
„Претседателот, Доналд Трамп в четврток ќе отпатува на јужната граница за да се состане со оние кои стојат на првата линија на фронтот на кризата за националната безбедност и хуманитарната криза. Повеќе детали ќе соопштиме наскоро“, надеве Сандерс.