Ракометарите на Македонија денеска ги одржуваат двата последни тренинзи пред утрешното заминување во Германија на Светското првенство.
По вечерашниот тренинг селекторот Раул Гонзалез ќе го соопшти конечниот список на играчи на кои ќе смета за Светското првенство.
Претходно репрезентацијата одигра два пријателски натпревари со Србија во Скопје и двата ги доби.
Ракометарите утре наутро ќе патуваат за Минхен, а веќе во петок против Јапонија ќе го одиграат првиот меч на Мундијалот. Противници на „црвено-жолтите“ во групата Б редоследно ќе бидат и: Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд.
Првопласираните три репрезентации ќе се пласираат во следната фаза.
Фото: Слободан Ѓуриќ