Обезбедени уште 98 милиони денари за намалување на загадувањето

На денешната седница Владата ја прифати предлог-програмата за инвестирање во животната средина за 2019 година. Покрај програмата за инвестиции од 130,8 милијарди денари, за оваа програма обезбедени се 98 милиони денари.

Дел ќе биде наменат за поддршка на мерки и активности за намалување на загадувањето на воздухот со спроведување постапка за јавна набавка. Преостанатиот дел од средствата ќе се доделува врз основа на јавен конкурс што го објавува и спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање во согласност со Законот за животната средина, со склучување договори за доделување средства.

Треба да знаете
Последни објави