Медиумите во Англија пренесуваат дека Сер Алекс Фергусон ги инспирирал фудбалерите на Манчестер Јунајтед со неверојатен говор во соблекувалните за време на божиќниот период.
Фергусон доби покана од привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер да се обрати до играчите со цел дополнително да ги мотивира пред вториот дел од сезоната.
Извор близок до медиум објаснил што легенданриот Ферги им кажал на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.
– Им кажа на играчите дека оваа група ќе го направи Манчестер Јунајтед доминантен и успешен повторно. Тој им рече дека верува во нив и им посочи дека сака да уживаат, да се борат и да остават се од себе на теренот.
-Тој исто им кажа дека клубот е во добри раце и им вети дека ќе бидат поголеми и подобри во годините што доаѓаат, а тие ќе бидат дел од успехот. Фудбалерите веруваат дека пред нив доаѓаат добри времиња – објави извор.