Разлика меѓу банките и финансиски друштва: едните прибираат заштеди и кредитираат, вторите само одобруваат заеми

За банките, основа на кредитната активност се депозитите кои се собираат од корисниците на услугите и сопствените средства, додека финансиските друштва го финансираат поголемиот дел од своите активности со сопствен капитал, но и од заеми кои се значаен извор на финансирање кои, според НБРМ, на крајот на 2017 година претставувале 34,2% од вкупната пасива на финансиските друштва

Во модерната ера банките се главниот придонесувач за финансиската стабилност и економскиот раст на земјите. Но, тие всушност не ја извршуваат целата задача која ги комплетира финансиските потреби на поединеците или компаниите. Токму затоа, пред повеќе од една деценија, во светот почнаа да се формираат небанкарски финансиски компании (NBFC), со други финансиски задачи кои ги дополнуваат банките преку обезбедување на инфраструктура за алоцирање вишок ресурси за физички лица и фирмите кои имаат потреба од средства. Небанкарските финансиски компании, исто така, воведоа конкуренција во обезбедувањето финансиски услуги во рамките на индустријата за финансиски услуги во целина, давајќи истовремено значителен придонес во економскиот раст.

Во Македонија, формирањето на небанкарски финансиски друштва законски беше овозможено во 2010 година. Финансиските друштва, кои имаат дозвола за финансиски активности, според Законот,  можат да одобруваат кредити, да издаваат и администрираат кредитни картички, да даваат факторинг и да издаваат гаранции. Покрај овие активности, финансиските друштва можат да вршат и советување за финансиски активности, да изнајмуваат подвижен и недвижен имот и да се специјализираат за сервисирање на мали потрошувачки кредити без гаранција.

Основна разлика меѓу овие финансиски друштва и банките е во тоа што тие не можат да прибираат депозити од јавноста за да ги финансираат нивните активности. На пример, за да можат банките да издаваат хипотекарни заеми, тие користат депонирани средства од банкарски сметки на своите клиенти, што е релативно евтин извор на финансирање. Практично, само комерцијалните банки се овластени од страна на државата за прифаќање депозити, отворање штедни книшки и давање други услуги врзани за чување на вишокот средства кој го имаат граѓаните или компаниите.

Токму затоа има и голема разлика меѓу банките и финансиските друштва во изворите на финансирање. За банките, основа на кредитната активност се депозитите и сопствените средства, додека финансиските друштва го финансираат поголемиот дел од своите активности со сопствен капитал, но и од заеми кои се значаен извор на финансирање, кои, според НБРМ, на крајот на 2017 година претставувале 34,2% од вкупната пасива.

Разликата во изворите на финансирање е причина и за разлика во цената на одобрените заеми. Познато е дека во минатото нашите банки, поради недоволно сопствени средства, имаа двоцифрени каматни за одобрени кредити за граѓаните и стопанството. За да приберат што повеќе слободни средства, пред сè од населението, се одобруваа високи камати за депозити, а за да се обезбеди и висока маргина за сопствен принос, високи беа и каматните стапки за одобрените кредитите. Со текот на времето, од приносот остварен од маргината меѓу каматите на депозитите и оние на кредитите, како и со приноси од провизии и други банкарски услуги и извори на финансирање, банките создадоа сопствен капитал, што пак, се рефлектираше на намалување на каматите на одобрените заеми.

Финансиските институции се уште во голем дел се потпираат на кредити, што е и една од причините за разлика во цената на заемите. Иако, треба да се земе во предвид и фактот дека банките во огромен дел одобруваат долгорочни кредити, со што и долгорочно остваруваат големи приноси. За разлика од нив, кај небанкарските друштва воглавном се работи за позајмици на мали износи кои се одобруваат со куси рокови на враќање.

Од Централната банка имаат нотирано дека кај финансиските друштва има тројно зголемување на бројот на новосклучени договори во 2017 година, односно дека и бројот и вредноста на активните договори се движи во нагорна линија и кај физичките и кај правните лица.

Овие податоци се очигледен доказ дека интересот и потребата од онјалн кредитите кои ги нудат финансиските друштва во земјава е сè поголем. Тие се флексибилно и адекватно решение на итните финансиските потреби на секој човек, кои пред нивната појава на финансискиот пазар, ниту граѓаните, ниту фирмите не можеа да ги покријат. Зашто, позајмица од 6.000 или 15.000 денари кои се потребни можеби за здравствени, образовни или други итни финансиски потреби речиси е неизводливо да се добијат од банките кои се конзервативни во својата кредитна политика. Дополнително, за нив се аплицира онлајн, преку кој било уред со интернет, во куси постапки се проверува кредитоспособноста на барателот, и потоа повторно онлајн се одобрува кредитот. Токму затоа онлајн кредитите се единствено практично решение на итната потреба од мала сума на пари.

 

Треба да знаете
Последни објави