Помалиот колициски партнер во грчката влада, Независни Грци, ќе гласа против владата ако има гласање недоверба во парламентот, изјави пратеникот Костас Кацикис за локален телевизиски канал пишува весникот Катимерини,.
„Панос Каменос кажа ‘ние заминуваме’. Што значи тоа? Престануваме да бидеме партнер во владејачката коалиција. Нема мнозинство, нема да дадеме поддршка ако се стави на тест довербата“, рече пратеникот.
Претходно вчера премиерот Алексис Ципрас изјави дека ќе бара гласање за доверба, доколку Каменос одлучи да ја повлече поддршката од коалицијата поради преспанскиот договор. Премиерот подвлече дека ќе го праша Каменос за неговите намери, на состанокот закажан за в петок.