По вчерашните врнежи на снег, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во раните утрински часови излегоа на терен и почнаа со расчистување на сливниците и делови од коловозот, информираат од јавното претпријатие. Оттаму посочуваат дека по најавите од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, дека и во текот на денешниот ден се очекуваат интензивни снежни врнежи, нивните екипи ќе останат на терен со цел да се овозможи проодност на коловозите во градот Скопје, но и непречено функционирање на канализациската мрежа.