ВИДЕО: Сузан Бојл се врати на сцената, денес изгледа поинаку и има дечко

Шкотската пејачка и поранешна финалистка на британскиот Суперталент, Сузан Бојл (57) се врати на сцената за потребите на снимањето на „Америка има талент“.

Пејачката, која стана позната со освојувањето на второто место во третата сезона на шоуто „Британија има талент”,  по деветгодишна пауза се врати на сцената.

Сузан Бојл ја пееше „Wild Horses“ и за време на нејзиното прво појавување на телевизија. Одушевени од нејзината изведба, членовите на жирито ја наградија со „златно копче“, а ни публиката не остана рамнодушна.

Единственото нешто што сакам да го кажам е дека ми е чест и задоволство што седам тука вечерва и имам шанса да ве слушам. Вие навистина имате ангелски глас“, изјави Мел Б (43), поранешна членка на „Спајс грлс“, а сега член на жирито на американското шоу за таленти.

Сузан изгледа сосем поинаку денес, таа драстично ослабе и има момче кое успешно го крие од јавноста. Пред една и пол година на виделина излезе нејзината врска со американски лекар.

Шкотската пејачка не сакаше да зборува многу за него, но призна дека се на иста возраст и дека нивната врска е сериозна. Бидејќи го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, не е познато дали сè уште се заедно.

https://youtu.be/wGhXkzb0cHM

Треба да знаете
Последни објави