Општина Кисела Вода успешно се справува со снегот на својата територија. Сезонските работници ангажирани од локалната самоуправа излезени се на терен и вршат активности за чистење снегот на улиците и тротоарите. Снегот се чисти интензивно со два трактори и со 4 специјални возила од кои две се за широки и две за тесни улици. Изминатото деноноќие во Кисела Вода беа фрлени 45 тони сол, додека од почетокот на снежните врнежи досега Општината фрли 70 тони сол.
Локалната самоуправа апелира до граѓаните и правните субејкти да ги почитуваат законските обврски, да вршат редовно расчистување на снегот и мразот пред пристапите на нивните деловни и станбени објекти. Општината на учесниците во сообраќајот им препорачува да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.