Македонското Собрание 75.седница на која треба да се расправа за уставните измени наместо во 13:00 часот, ќе ја продолжи во 15:00 часот.
На дневен ред се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.