Одделение за недозволена трговија со дрога до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(29) од Скопје поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.
При претрес кај него се пронајдени амфетамини и екстази.