Карлос Сајнц Џуниор, кој од оваа година е пилот на Мекларен, вели дека се надева дека некогаш славниот британски тим ќе се сети како се освојуваат трки во Формула 1.
Мекларен има 182 Гран При победи, откако отстапува по овој показател единствено од Ферари со нивните 235 победи на вечната листа на Формула 1. Во последните шест години, сепак тимот нема победа во шампионатот и се чини дека нема излез од тешката криза во која се најде.
– Сакам да постигнеме подобри резултати во 2019 година. Тимот го сака истото, целта која си поставивме, е да го подобриме настапот во секој аспект. Во Мекларен треба да се потсетат како се победува, луѓето тука се родени шампиони и им треба сосема малку, за да си ја вратат искрата. Затоа сум тука, имам верба во секој од тимот. Ние сме вториот најуспешен тим во историјата на Формула 1 и тоа само по себе доволно зборува. Јас како пилот ќе дадам се од себе во работата на новиот автомобил и ќе покажам на што сум способен на патеката, прокоментира Сајнц Џуниор.