Зоран Заев оди спротивно на волјата на народот која беше јасно изразена на 30 септември, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму сметаат дека народот јасно кажал оти не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува.
„Зоран Заев се што прави вклучително и насилната промена на името е со цел задржување на власт и пљачкосување на државата преку криминални тендери. Државниот апарат 2 години е нефункционален, наместо реформи и проекти, власта се насочи кон распродажба на државните и национални интереси“, стои во партиското соопштение.
Од опозициската партија додаваат дека образованието е во хаос, здравството на колена, а земјоделието во очај.
„Буквално црнила на секое поле. Црнилата кои ги донесоа во секојдневието не можат да ги избришат со распродажбата на името. Зоран Заев е човекот кој ќе остане запаметен како политичарот кој ја продал Македонија. Зоран Заев не работи за граѓаните и државата, туку за своите лични и бизнис интереси“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека црнилата не смеат да бидат наше секојдневие, а зората мора да изгрее за Македонија.