Мицкоски: Распуштање на Парламентот и предвремени парламентарни избори

Извршниот комитет и пратеничката група беше во постојано заседавање и донесе заклучоци објави Христијан Мицкоски лидер на ВМРО ДПМНЕ.

-ВМРО ДПМНЕ не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на Уставното име на Република Македониј, промената на идентитетот културата и историјата, и тој став е непроменет и конзистентен и се темели на партиската програма и е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумите на 8-ми септември 1991 и 30 септември 2018-та година, рече Христијан Мицкоски на вечерашната прес конференција пред ВМРО ДПМНЕ.

-Второ ВМРО ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, проментата на идентитетот, културата, образованието и историјата се направи на нелигитимен, насилен начин, по пат на притисоци, закани и пазарења.

Ова е одлука на 81-пратеник, а не одлука на македонските граѓани. Со ваквата одлука се суспендира волјата на граѓаните, и претсавуваат чин на предавство, додаде Мицкоски.

– Со договорот од Преспа се нанесува огромна штета врз Македонската држава, македонските граѓани, минатите сегашните и идните генерации. ВМРО ДПМНЕ во иднина ќе стори оваа неправда да биде исправена.

-Денес се покажа дека Македонија со Заев губи и доколку овие луѓе од СДСМ на Зоран Заев, останат на власт Македонија ќе продолжи да губи и на ова и на сите други полиња. И во политиката и во економијата и во општеството секаде.

Затоа ова мора да престане, затоа ова мора да се промени, а ќе се промени само доколку овие луѓе си заминат од власт, рече Мицкоски.

-Токму поради ова ВМРО ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и оддржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори.

– На овие избори ВМРО ДПМНЕ ќе победи и така волјата на мнозинството ќе биде испочитувана.

Почитувани граѓани вие давате и земате власт, затоа избори, избори се потребни, на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи. Избори на кои народот ќе има можност ќе каже каква Македонија сака. Северна Македонија на Заев во црнила, понижена или Македонија напредна.

Македонија ќе победи и зората ќе огрее, рече Мицкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави