Снежните врнежи парализираа делови од Европа во изминатите неколку дена, а снегот продолжува да предизвикува големи проблеми за граѓаните на Германија, Австрија, Шведска и Швајцарија.
Во Швајцарија, три лица беа повредени кога лавина затрупа во ресторан од хотел.
АП известува дека во последните десет дена во Европа, најмалку 21 лице го загуби животот во снежната бура.
Врнежите од снег парализираа делови и од Германија и Швајцарија. Во петокот во овие земји железничкиот сообраќај беше во целосен прекин, а затворени беа и училиштата.
Во Шведска и Норвешка завеани се патиштата, додека во Австрија, спасувачите успеаја да извлечат 41-годишниот полски сноубордер.
Нови снежни врнежи метеоролозите најавуваат за во следните неколку дена.