Германската агенција за заштита на конкуренцијата планира да достави забрана до компанијата „Фејсбук“ за собирање на податоци за корисниците.
Оваа агенција која го истражува дејствувањето на „Фејсбук“ уште од 2015 година, веќе открила дека оваа водечка социјална мрежа ја злоупотребувала доминацијата на пазарот за да собира податоци за луѓе без нивно знаење или согласност, пренесува „Ројтерс“.