Македонскиот премиер, Зоран Заев денеска остварил кратка неформална средба со неговиот косовски колега, Рамуш Харадинај.
На средбата меѓу двајцата премиери, Харадинај му честител на Заев, за како што напиша косовскиот премеир успешното заокружување на договорот со Грција.
„Се сретнав со мојот колега од Република Северна Македонија, Зоран Заев, кому му честитав за успешното заокруѓување на договорот од Преспа, кој и гарантира на соседната држава јасна евроатлантска перспектива. Косово останува посветено на градењето на еден стабилен регион и во тој правец односите со Скопје се одлични“, напиша косовскиот премиер Рамуш Харадинај на социјалната мрежа „Фејсбук“.