Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович, синоќа бил избоден на бина за време на хуманитарен настан. Тој се наоѓа во тешка здравствена состојба.
Обезбедувањето го совладало напаѓачот, а полицијата го уапсила.
Полскиот претседател Андреј Дуда изјави дека лекарите успеале да го реанимираат срцето на тешко повредениот градоначалник Адамович и дека постои надеж, но оти неговата состојба е многу тешка.
https://youtu.be/fPLOWfFUXMM
27-годишниот маж кој е осомничен за нападот од бината извикал дека невин лежел во затвор додека на власт била партијата Граѓанска платформа, чиј член претходно беше Адамович кој е градоначалник на Гдањск од 1998 година.