Индонезиски нуркачи ја пронајдоа црната кутија од авионот на компанијата „Лајон ер”, што во октомври се урна во Јаванско Море.
Индонезискиот заменик министер за моранарица Ридван Џамалудин изјави дека на дното на морето пронајдени се и останките на некои од 189 патници кои настрадаа во несреќата.
Потрагата по црната кутија почна во петокот со користење на нови технологии.
Црните кутија е пронајдена осум метри под морското дно. Таа ќе биде предадена на Комитетот за безбедност на сообраќајот, тело задолжено за надзор на истрагата за падот на авионот.
Авионот „Боинг 737″ на компанијата „Лајон ер” се урана на 29 октомври во Јаванско Море, неколку минути по полетувањето од Џакарта. Во несреќата нема преживеани лица.