Џафери потвдри дека го испрати Законот за јазиците во Службен весник без потпис на Иванов

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва објави дека го потпишал и го испратил Законот за употреба на јазиците до Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.

https://www.facebook.com/talatxhaferi/photos/a.386044171584104/956445784543937/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARDdCenaDZ2CpjcDKvzxT-UzPjgOJn6qq_vGtzrdDBEPJyNTJ9u4dMn8qBLvml-NipR4-sZvhSwMQ89uDTklrydltgMzd1C_isJUbGPqkAk2YIeNzSDXx5uvPU60Cy3gdsD_3uQ2Z9kb2HtP3f1SGDr_LlaTMaxgqkRVa4wi8L13wrOwAIGj9-651sDegP1C1dQiNa_xhn3K2nRKZ09i094al8b2ykG7hbed-E-59bf9RErhlwjzKM3jsg0Ld-Hg5lZ8_WPhmTuuXgbaOfWX2ms5QLE0Hjnoa7_i9xg7KuzGC_oC-WTOBGGGy3bx6IcjEpDLF_mnDzSKb0b59jLXhyk&__tn__=-R

Џафери уште во декември на средба со новинарите рече дека тој има обврска да го испрати законот до Службен весник, бидејќи, како што потенцира волјата на Собранието, не може да се попречи и тоа ќе се реализира.

Со 64 гласа „За“, Собранието на 14 март минатата година го изгласа Законот за јазици и покрај силното противење на пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Собраниските служби спречија поголем инцидент.Законот предизвика многу реакции во и надвор од парламентот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ја блокираат расправата и гласањето за законот, па седницата во неколку наврати беше прекинувана.

Законот кој предизвика многу полемики и контроверзи пред пратениците се најде по трет пат, откако претседателот Ѓорге Иванов претходно одби да го потпише. Потегот на Иванов го искористи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која поднесе над 30 илјади амандмани на законското решение.

Треба да знаете
Последни објави