Кулибали се смета за еден од најдобрите стопери на светот и неколку европски гиганти го следат подолго време.
Досега најмногу стоперот на Наполи се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но јасно е дека Наполитанците немаат намера да се откажат од својот најдобар дефанзивец.
Кулибали е пред потпишување на нов договор со кој ќе стане најплатен фудбалер на Наполи, а во врска со неговото евентуално заминување проговори и тренерот на Наполитанците, Карло Анчелоти.
„Во Англија пишуваат дека Кулибали би можел да оди поради проблемите со расизмот во Италија, но јас мислам дека е среќен во Наполи. Вознемирен е како и сите поради инцидентот, но не мислам дека тоа ќе го натера да си оди“, изјави Карло Анчелоти.
Инаку, Кулибали има договор со Наполи на уште четири и пол години, а се очекува наскоро да го обнови договорот и да добие повисока плата.