Во просториите на „ЈП Водовод и канализација“ – Скопје се одржа состанок на меѓународни и македонски експерти и претставници од „ЈП Водовод и канализација“ – Скопје, во врска со имплементирање на проектот за изградба на станица за третирање отпадни води во град Скопје.
Oвој проект е од големо значење за градот и ќе обезбеди одржливи услуги за третман на отпадните води за повеќе од 500.000 луѓе, како и усогласеност со директивите на Европската Унија за вода и животна средина и најдобрите меѓународни практики во oваа област.