Напаѓачот на Милан Гонзало Игуаин може да го пропушти утрешното финале за Суперкупот на Италија, кое ќе се игра во Џеда, соопшти италијански медиум.
Причината е претстојниот трансфер на Аргентинецот во Челзи, додава медиумот.
Многу веројатно е утре нападот на „росонерите“ да биде предводен од Патрик Кутроне.
Во моментов, раководството на клубот работи напорно за привлекување на Кжиштоф Понтек за заменик на Игуаин.
Ако Игуаин премине во Челзи, тогаш Милан ќе бара од Јувентус да добие половина од 18-те милиони евра кои клубот ги плати во текот на летото за изнајмување на напаѓачот.