Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека Русија не е против новото име на Македонија, туку во прашање е легитимитетот на процесот на промената на името на земјата.
„Ние не сме против името. Се прашуваме колку е овој процес легитимен и колку е навистина условен oд целта да се постигне консензус помеѓу Грција и Скопје или е предизвикан од интересот на САД сите балкански земји што поскоро да ги придобие во НАТО и да сопре било какви влијание на Русија во овој регион“, рече Лавров на годишната конференција за новинари, пренесе „Спутник“.
За името зборуваше и рускиот претседател, Владимир Путин кој претходно изјави дека постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО.