Двајца скопјани каснати од кучиња скитници

Двајца скопјани вчера пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници, информираше МВР.

На 16.01.2019 година во 17.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.Ц.(50) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16.30 часот на улица „Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 16.01.2019 година во 14.40 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Д.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08.00 часот на улица „15-ти Корпус“ бил каснат од куче скитник во пределот на ногата.

Треба да знаете
Последни објави