Правда без одговор до каде е барањето за екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за „Монструм” на СЈО, а во кој за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судијата Огнен Ставрев на почетокот на судското рочиште кажа дека повторно побарал од Министерството за правда до каде е постапката за екстардицијата на Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, а од министерството нема добиено конкретен одговорно бидејќи нема повратна информација од Косово.

Судијата рече ова барање до Правда било на осум дена пред Нова Година, односно од 21.12.2018.

На судењето се присутни обвинетите и семејствата на загинатите, а судењето продолжува со читање на записниците дадени во истражна постапка на законските застапници на жртвите, односно нивните семејства.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО.

(Д.В.)

 

 

Треба да знаете
Последни објави