„Монструм“ затворен за јавноста, се читаат разговори и СМС пораки по петкратното убиство

Јавноста е исклучена од продолжението на денешното рочиште за случјот „Монструм“, кој денеска продолжи во Кривичниот суд.

Судијата Огнен Ставрев ја отстрани јавноста, односно новинарите од судницата бидејчи ќе се читаат телефонски разговори и СМС пораки разменувани межу обвинетите по петкратното убиство кај Смилковското Езеро, а кои се докази обезбедени со ПИ мерки.

Судијата на реагирањто на новинарите посочи дека негова законска обврска е да ја исклучи јавноста, но не кажа по кој член на Законот се повикува на тоа.

Претходно на почетокот на судењео Стратев рече дека по последното барање поднесено до Минситерството за правда од 21.12.2018 до каде е барањето за екстрадиција Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, но дека од министерството нема добиено конкретен одговор бидејќи нема повратна информација од Косово.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО.

(Д.В.)

Треба да знаете
Последни објави