На Клиниката за инфективни болести „Фран Михалевиќ“ во Загреб владее вонредна состојба поради епидемија на грип каква не е забележана повеќе децении наназад.
Вчера во текот на попладневните часови и во текот на ноќта, беа примени четири лица со тешка пневмонија и сите се на респиратори – ангажирани се 18 респиратори и пет ЕКМО машини. Обемот на работа е три пати поголем од условите што постојат во болницата. Ваквата ситуација трае неколку дена и умираат релативно млади луѓе. Во амбулантите има стотици луѓе, а сезоната на грипот штотуку започна.
Шефот на Институтот за интензивна медицина, вонреден професор Марко Кутлеша потврди дека ситуацијата е под опсада.
„Пациенти доаѓаат од цела Хрватска. Сите се на механичка вентилација, во моментов 18 пациенти “, рече тој.
„Од 30 декември до денес, 26 пациенти со тешка воспаление на белите дробови се примени во клиниката, освен еден кој имаше бактериски менингитис. Тоа беа, исто така, компликации предизвикани од грип. Сите се на механичка вентилација, односно на респиратори”, објасни Кутлеша.
Околу 10 пациенти биле на надворешна оксигенација, кога респираторот не бил доволен, имало и смртни случаи.
“Една пациентка која имаше белодробно воспаление почина. Сите пациенти, вклучувајќи ја и неа, се на возраст меѓу 40 и 60 години. Особено им се заблагодаруваме на министерството кое ни обезбеди осум дополнителни респиратори и два ECMO уреди”, вели шефот на Интензивна.
Тој вели дека се преоптоварени, поради што направиле и дополнителни смени.