Миленко Неделковски не се чуствува виновен за расисам и ксенофобија кога на социјалните мрежи објавувал коментари за трагичниот пожар лани во Атика, Грција кога загинаа стотина луѓе, изјави новинарот на почетокот на судското рочиште против него во Основен суд Скопје 1.
Денеска во Кривичниот суд почна судењето за Миленковски, кој е обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г ст.1 од Кривичниот законик.
Судењето продолжува со литање на материјални докази од јавниот обвинител.
Според обвинението, Неделковски се товари преку компјутерски систем, во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност. Имено, осомничениот како јавна личност – новинар, на својот јавен профил на една социјална мрежа, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви. Притоа со коментарот промовирал омраза кон одредена етничка група – Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.
(Д.В.)



