СВР Куманово, до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против М.Р. (31) од Полска, со привремено живеалиште во Куманово, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Полицијата на 10 мај годинава извршила претрес во домот каде живеела пријавената, при што пронашле и одзеле марихуна, мешавина од тутун и марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана.