Канаѓанин киднапиран во Буркина Фасо

Канадски државјанин во вторникот беше киднапиран во Буркина Фасо, објавија од Министерството за безбедност на земјата.

Десетина вооружени лица, за кои Министерството верува дека се терористи, го киднапирале Кирк Вудман во јужниот дел на земјата, се вели во соопштението на Министерството иако не се напоменува дали тие веруваат дека Вудман е жив.

Канаѓанинот пристигнал на местото каде што се вршеле ископувања и од каде што бил киднапиран на 10 јануари.

Канадската министерка за надворешни работи, Кристија Фриланд, рече дека владата е во контакт со властите во Буркина Фасо со цел разрешување на ситуацијата.

На почетокот на овој месец Канаѓанката Едит Блаис и Италијанецот Лука Такето исто така исчезнаа во Буркина Фасо.

Треба да знаете
Последни објави