Сестрата на напаѓач на Села со отворено писмо до Филипче: Секојдневно дел по дел брат ми го убиваат
Еден од обвинетите во случајот за нападот на Зијадин Села, Стојан Павлески, веќе четири месеци се наоѓа во болница, а неговата сестра, Вера Митевска, преку социјалните мрежи му се обрати на министерот за здравство Венко Филипче, предизвикувајќи го да го посети пациентот затоа што, како што вели, секојдневно дел по дел го убиваат.
Неговата сестра, Вера Митевска, преку социјалните мрежи му се обрати на министерот за здравство Венко Филипче, предизвикувајќи го да го посети пациентот затоа што, како што вели, секојдневно дел по дел го убиваат.
Од кабинетот на Филипче велат дека го посетиле пациентот, а при посетата со нив биле и главната сестра и докторот. Оттаму ги отфрлаат обвинувањата дека не е водено грижа за пациентот.
– Ги отфрламе обвинувањата дека никој не се грижел за пациентот, направена е посета и кај него веќе станува збор за хроничен здравствен проблем поради што ќе биде преместен во друга установа. Направени се напори и најверојатно во консултација со семејството во понеделник пациентот ќе биде во Геронтолошкиот завод – велат од кабинетот на Филипче.
Инаку, Павлески со првостепена пресуда во јули лани беше осуден на три години затвор за насилство. Тој првично беше обвинет за обид за убиство на Зијадин Села на 27 април 2017 во Собранието, но потоа обвинителот за него направи преквалификација на делото во насилство.
https://www.facebook.com/veramitevska/posts/2274190379280402